Со три убедливи порази на исто толку натпревари македонските кошаркари го заврши неславно настапот во пред-квалификациите за ОИ во Париз.
И во последниот натпревар на турнирот во Талин, Естонија репрезентацијата на Македонија е поразена, oвојпат од Чешка со 82-94.
Ако во првото полувреме се понадевавме дека можеби ќе се израдуваме на првата победа, во вториот дел и таа трошка надеж, Чесите полека ни ја одземаа. Противникот кој го доби првиот дел со 45-39, во вториот континуирано ја заголемуваше предноста. На крајот Чесите славеа со 22 разлика.
Така македонските кошаркари втор пат во историјата неславно ги завршуваат олимписките квалификации. Откако првата можност 2012-тата во Венецуела ја „прокоцкаа“, на втората шанса во Талин, беа во улога на туристи.
Тешко е да се очекува дека и во следната голема акција, квалификациите за ЕП 2025-та, нешто драстично ќе се смени во мак-баскетот.