Заминаа скромно, без посебни најави и очекувања, но ќе се вратат како вистински јунаци.
Можеби никој и не очекуваше дека може да се престават во такво светло, на ракометниот Мундијал во Хрватска.
Но, тоа е таа младата ракометна репрезентација на Македонија до 19 години.
Само злобниците ќе речат „голема работа 9 – 10 место“ !
Да голема, преголема. Уште да се сетите дека на шампионатот играат 32 земји. Уште кога на тоа ќе го додадете несреќниот пораз Норвешка која со огромна помош на судиите стигнаа до неа.
Ех, токму тој бод, можеби и два, повеќе од сигурни ќе не одведеа сигурно до четвртфиналето, а можеби и подалеку.
Единствени кои веруваа во оваа генерација, се селекторот Рада Стојановиќ и неговиот соработник Браче Ангеловски, кои уште лани по освојувањето на трофејот на „Б“ Европското првенство тоа го најавија.
Стојановиќ, скромно како и секогаш, пред заминувањето скромно рече:
„Цел е да ја минаме првата фаза по групи…. Од оваа генерација во наредниот период, година-две можеме да целиме на високи резултати“.
Да, селекторот е апсолутно во право и без разлика на исходот на последниот натпревар, за нас момчиња вие сте наши идни ѕвези.
Потврдете го тоа и утре. Среќно. 🇲🇰🤾🇲🇰