Најдобрите македонски одбојкари денеска ќе го одработат последниот тренинг во СЦ „Јане Сандански“.
Потоа ќе се преселат во Кавадарци, каде ќе одиграат три подготвителни натпревари против Израел и Јапонија. Ова се само дел од противниците со кои нашите одбојкари ги одработуваат подготовките.
Еден од нив избраниците на селекторот Миленковски совладаа и тоа Романија со 3:1
Во салата „Јасмин“ од четврток до недела, љубителите на одбојката ќе имаат можност да гледаат по еден натпревар дневно. Сите натпревари ќе се играат во терминот од 20 часот.
Овие контролни средби ќе бидат значајни за македонскиот национален тим, да ја крева формата пред настапот на третиот континентален собир за нас.
Потсетување дека Скопје од 30 август до 6 септември, ќе биде ко-домаќин на Европското првенство.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА ТУРНИРОТ ВО КАВАДАРЦИ
МАКЕДОНИЈА – Израел (четврток, 20 часот)
МАКЕДОНИЈА – Јапонија (петок, 20 часот)
Израел – Јапонија (сабота, 20 часот)
МАКЕДОНИЈА – Израел (недала, 20 часот)