Втор пораз на машката кошаркарска репрезентација на Македонија во дуелите со Полска.
Откако вчера загубија со 16 разлика (97:81), денеска македонските кошаркари претепаа нов овој пат уште поубедлив пораз.
На натпреварот одигран во Белград, Полска ја совлада Македонија со 32 поени разлика (84:52).
Во првата четвртина Македонија беше рамноправна, па по 10-минути игра имаше само два поени негатива (19-17).
Но, очајно слаби мина втората четвртина во која противникот направи огромна разлика постигнувајќи 30 поени, а нашите репрезентативци само девет (30-09).
Во вториот Полјаците само рутински ја одржуваа и зголемуваа предноста (17-14 и 18-12), па на крајот славеа убедлива победа со 32 разлика (84:52). Ниту еден наш репрезентативец не успеа да постигне двоцифрен број на поени.
Македонија: Робев 8, Шорц 8, Ѓуроски 8, Бошалевски 6, Андоновски 4, Маслинко 4, Магдевски 3, Миловановиќ 3, Младеновски 3, Стојановски 3, Симиќ 2, Димитриевиќ 0.
Полска: Михалак 14, Низиол 12, Соколовски 10, Балцеровски 7, Миличиќ 7, Жолниеревич 7, Гросел 6, Гросел 6, Зишковски 6, Гарбац 3, Понитка 3, Плута 3, Шлачетка 0, Витлински 0.
Овие две контроли, единствени пред олимпискиот квалификациски турнир, доволно говорат со какви сили располагаме.
Селекторот Јончевски и неговите избраници, нема да имаат многу време за корекции, бидејќи по враќањето во Скопје останува малку време.
Според планираното, црвено-жолтите ќе одработат неколку тренинзи, а веќе на 10 август (четврток) патуваат за Талин.
Првиот натпревар на пред-квалификацискиот турнир Македонија ќе го игра на 12 август, против Израел (19 часот).