Скопје повторно е биде домаќин на Европското првенство за кошаркари до 16 години. Турнирот започнува денеска и ќе трае до 13 август.

Македонската репрезентација ќе игра во групата „Б“ во која за противници ќе ги имаме Франција, Литванија и Белгија.

Уште во групната фаза ќе се соочиме со исклучително квалитетни ривали.

Поточно, со актуелниот бранител на кадетската европска титула, Литванија, која на истото место, во Скопје, лани покажа дека е најдобрата.

Ќе играме и против „бронзената“ Франција, која исто така е во кругот на топ-фаворити за највисок пласман.

Тука е и Белгија, која лани, со одлични настапи на ЕП во Дивизијата „Б“, се стекна со место во елитата. Токму овие три воведни натпревари ќе бидат и некое мерило за Постоечкиот потенцијал на Македонија.

Поделени се во четири групи (по четири репрезентации). По трите одиграни кола, и постигнатиот пласман, се формираат осминафиналните двојки. Според принцип на елиминации ќе разигруваат: (А1-Б4, А2-Б3, А3-Б2, А4-Б1, Ц1-Д4, Ц2-Д3, Ц3-Д2, Ц4-Д1).

Победниците од осумте натпревари, обезбедуваат пласман во четвртфиналето. Четирите селекции кои ќе стигнат до полуфиналето ќе се борат за медалите и шампионскиот трофеј.

Поразените селекции во првиот елиминациски круг, ќе се борат за пласман од 9. до 16.место. А трите последно пласирани (исто така според систем на елиминација), се селат во „Б“ Дивизијата.

Македонската кадетска репрезентација е дел од групата „Б“ во која се уште и селекциите на Белгија, Литванија и Франција.

Натпреварите во 4-те натпреварувачки групи ќе се играат во СРЦ „Кале“ и во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Влезот за сите натпревари е СЛОБОДЕН.

Сите актуелности поврзано со нашата репрезентација и ПРЕНОСИ ВО ЖИВО може да го гледате ОВДЕ