По 18 дневни подготовки најдобрите македонски одбојкари денеска ја почнуваат серијата на контролни натпревари. 

Избраниците на селекторот Миленковски ги минаа базичните подготовки, а во втората седмица се работеше и на техничко-тактичкиот план. Сработеното досега време е да се примени да дело. 

Прв спаринг партнер ќе биде селекцијата на Романија со која ќе бидат одиграни два контролни натпревари. Денешниот во вид на заеднички тренинг ќе биде од затворен карактер. Првиот официјален е закажан за утре (сабота) во СЦ „Јане Сандански“. 

Романците ќе бидат само една од петте репрезентации со кои ќе „спарингуваат“ нашите одбојкари, до стартот на Европскиот шампионат. 

Контролни натпревари за ЕП 2023
04-ти август (Скопје): МАКЕДОНИЈА – Романија
05-ти август (Скопје): МАКЕДОНИЈА – Романија
06-ти август (Скопје): МАКЕДОНИЈА – Романија
10-ти август (Кавадарци): МАКЕДОНИЈА – Израел
12-ти август (Кавадарци): МАКЕДОНИЈА – Јапонија
13-ти август (Кавадарци): МАКЕДОНИЈА – Израел
15-ти август (Скопје): МАКЕДОНИЈА – Јапонија
16-ти август (Скопје): МАКЕДОНИЈА – Јапонија
18-20 август (Скопје), турнир „Чајка“: МАКЕДОНИЈА, Грција, Египет, Јапонија

До првиот меч на шампионатот чиј ко-домаќин е Скопје, одбројуваме 27 дена.