Македонскиот шампион Струга Трим Лум го продолжува својот настап на европската сцена во Скопје.
Откако стружани првите два натпревари на евро-сцената како домаќини ги играат во Охрид, сега се селат во главниот град.
Како што информираа од клубот, натпреварот од 3-отто квалификациско коло за Конференциската лига против Есперанж, ќе се игра на арена „Тодор Проески“.
Средбата е закажана за 10 август со почеток од 21 часот.
Реваншот во Луксембург ќе се игра една седмица подоцна (17 август).