Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром, го комплетира тимот за пристојната 2023/24 сезона.
Петмината староседелци и седуммината новајлии ќе бидат предводени од тренерот Васко Атанасов. Целта е јасна, да ја одбраната двојната круна на домашната сцена, но и експресно да се вратат во АБА-1 лигата.
Браќата Војдан и Дамјан Стојановски, искусниот Крстевски, Робев и младиот Андоновски, се оние со кои беше продолжена соработката. Нови имиња во тимот се младите Миловановиќ и Петков, а повратник е Младеновски.
Од ланските странци не остана ниту еден. Четири нови странски засилувања се, Американците, Ворку и Расел, Хрватот, Баковиќ и младиот Србин, Атансковиќ.
Од таборот на сино-белите најавија дека во тимот ќе бидат вклучени и неколкумина играчи од младинскиот состав.
Иако 12-мината се веќе избрани, во очи паѓа дека ниту еден играч од вториот тим на МЗТ Скопје У.Б., барем засега јавно не е во плановите на Атанасов.
Дали овој состав ќе се задржи во текот на целата сезона или ќе има промени и дополнувања останува да се види!?