Васко Атанасов и во следната сезона ќе биде прв тренер на македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродорм.

Атанасов кој по инцидентот на Драган Николиќ ја презеде тренерската функција, го прифати предизвикот и лидерската палка и успешно го доведе МЗТ до шампионска титула.

Иако без посериозно кошаркарско „сиви“, Атанасов ја ужива довербата на раководството на МЗТ.

Тој ќе има задача да ги одбрани трофеите во доматите натпреварувања, но и да го врати МЗТ Скопје во прволигашката конкуренција на АБА лигата. 

Истовремено, во стручниот штаб на аеродромци следната сезона се враќа Никола Велев. Иако во улогата на помошен тренер Велев важи за еден од најдобрите, ако нé и најдобар асистент, во мак-баскетот. Велев по заминувањето на Ѓорѓи Кочов во „пакет“ си замина од „Јане Сандански“ и мина две сезони во ТФТ.