Јуниорската репрезентација на Македонија заврши како 16-то пласирана во второлигашката конкуренција на Европскиот шампионат за кошаркари дои 18 години.
Во последниот настап на првенството во Португалија, македонските „надежи“ повторни загубија.
Натпреварот против Украина за пласман на 15-место црвево-жолтите го загубија со 90-74. Освен првата четвртина која ја добија со 24-22, останатите три му припаднаа на противникот, кој клучната разлика ја направи во вториот период кој го добија Украинците со 26-12.
Така Македонија со шест порази и само една победа на крајот заврши на 16-тото место.
Она што загрижува е фактот дека поголемиот дел од овие играчи догодина треба да играа во посилната „А“ дивизија, откако репрезентацијата до 20 години им го овозможи тоа.
Со ваков пристап и пред (секој за себе) и пред се се ваков селектор, тешко дека можеме да се надеваме на нешто повеќе, освен брзо враќање назад во второлигашката конкуренција.