Кениската атлетичарка Фејт Кипјегон постави нов светски рекорд во трката на една милја.

На трката од Дијамантската лига во Монакот, таа ја истрча за речиси пет секунди побрзо од претходниот рекорд.

Фејт Кипјегон ја истрча милјата за 4.минути и 7,64 секунди, соборувајќи го претходниот рекорд на Сифан Хасан од 4:12,33 од 2019 година.

„Добро тренирав и само дојдов за рекорд. Добро испланирана трка, помина без проблеми – неверојатно е да се сруши светскиот рекорд“, изјави Кипјегон.

Ова е трет светски рекорд што Кенијката го соборува во последните два месеци, по 1.500 метри и 5.000 метри.