Како што беше најавено на утринската прес-конференција, ракометарите на Вардар попладнево ги почнаа подготовките за новата сезона.
За кадровските промени во раководната, стручната и играчката структура веќе информиравме.
Црвено-црните го одржа првиот тренинг на кој присуствуваа и најголем дел од новите засилувањата што доаѓаат во тимот.
Тренерот Владо Недановски и новиот стручен штаб во кој се наоѓа и поранешниот играч Стојанче Стоилов, ги запознаа играчите со деталите и планот на подготовки до почетокот на сезоната, односно до крајот на август кога Вардар ги игра квалификациите во Лига Европа.
Стоилов и Борко Ристовски ја завршија играчката кариера и имаат нови функции, па вардарци денеска го назначија и новиот капитен.
Нај искусниот ракометар во тимот, крилото Гоце Георгиевски, ќе ја има улогата на капитен, а негов заменик ќе биде десниот бек Томислав Јагуриновски.
По базичните подготовки, вардарци ќе одиграат и повеќе контролни натпревари. Новата сезона ќе ја отворат на домашен терен со дуелот против Рајн Некер Левен во квалификациите за Европа Лигата. Натпреварот ќе се игра на 26 или 27 август, а реванш дуелот е една недела подоцна во Германија.