По подолг период реализација на нови трансфери во мак-баскетот. Изминативе два дена екипата на Гостивар се „пофали“ со ангажман на тројца кошаркари. 

Откако завчера го ангажира Габриел Коскоски кој лани го носеше дресот на Академија ФМП, вчера гостиварци ја продолжија и соработката со Максим Митевски. Двајцата кошаркари добро се познаваат бидејќи пред две сезони играа заедно во вториот тим на МЗТ Скопје У.Б. 

Гостивар ангажира и странско засилување. Стапува збор за Американецот, Ерик Пауел.

Тој доаѓа од Мекендри Универзитетот со кој настапувал во втората Универзитетска лига (NCAA2).  Пауел кој игра на позициите 2 и 3, и е одличен шутер со 45% успешност, минатата сезона имал просек од 12.5 поени по натпревар.

Гостиварци вообичаено како и изминатите сезони така и следната ќе се обидат да се вмешаат во борбата за шампионскиот трофеј.