Младата репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години на ЕП Б дивизија што се игра во Скопје загуби од Чешка со 72:85 во финалниот меч за златниот медал.

Ние лошо го почнавме натпреварот, а гостите тоа умешно го искористија за да направат и двоцифрена предност (4:14).

Потоа следуваше серија од девет поени по ред за Македонија со што го достигнавме нивниот резултат.

Прв дел им пропадна на гостите со, а во вториот дел Македонија го бркаше водството на Чешка. Сепак со негатива заминавме на полувремето од (26:35).

Во третиот дел се вративме конечно во игра со одлична одбрана и реализација во нападот. Го добивме тој дел со (26:17) и во последните 10.минути влеговме во егал (52:52).

Имавме во последниот дел и водство кое кратко траеше и од тој момент како да загубивме здив. Чешка тоа го искористи и само ја зголемуваше разликата.

На крајот нов втор пораз од Чешка на овој шампионат, но Македонија веќе ја оствари целта што беше поставена, а тоа е обезбедениот пласман во А дивизијата.

Во борбата за бронзениот медал и местото кое водеше во А дивизијата, Украина ја победи Шведска со 83:61.