тПретпоследен ден на Европското првенство „Б“ дивизија) за кошаркари до 20 години што се одржува во Скопје.
Македонската младинска селекција е пред голем успех. Нашите младинци со вчерашната победа над Велика Британија обезбедија помислам во четворката што ќе се бори за медал.
Црвено-жолтите ги дели една победа, во наредните два натпревари, од освојување на медал или едно од местата што водат во „А“ дивизијата.
Прва пречка ќе биде Украина која во полуфиналето ја победи Холандија.
Дуелот кој води во финалето и елитната конкуренција ќе се игра попладнево од 18.30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
Доколку, не успеат да слават денеска, тогаш утре во натпреварот за 3-место, македонските младинци ќе имаат можност со победа да се пласираат во „А“ дивизијата, а со тоа да ја остварат целта.
Во второто полуфинале вечерва (21 часот) ќе играат Чешка и Шведска.