Екипата на Пелистер интензивно се подготвува за новата сезона во која се главни фаворити за првото место.

Предводени од новиот тренер Влатко Костов, битолчани ги започнаа подготовките во Битола. Пелистерци ангажираа неколку засилувања, но се очекуваат уште нови имиња да пристигнат во Битола.

На тренинзите може да се забележи и нашиот репрезентативец, Кире Ристевски, кој потекнува токму од школата на Пелистер. Ристевски ја користи паузата за одмор во родната Битола, а формата ја одржува заедно со пелистерци. Моментално Кире е слободен агент и е во потрага по нов клуб.

Не е исклучена можноста Пелистер да направи голем трансфер и да го врати повторно Кире во своите редови. Дали тоа ќе се случи и ќе дојде до реализација, останува да видиме.