Екипата на Шкендија одлично ги започна квалификациите во Конференциската лига и славеше со 1:0 против екипата на Хаверфордвест од Велс.
Шкендија од самиот старт на натпреварот започна офанзивно и ја наметна својата игра. Тоа што беше фаворит на хартија, екипата на Шкендија го покажа и на терен.
Во првиот дел гостите од Велс успеа да одолеат на нападите на Шкендија и на полувреме да се замине со почетниот резултат.
После неколкуте пропуштени шанси во првиот дел, Шкендија започна уште поофанзивно и во вториот дел. Овој пат тоа резултираше со погодок на Аденис Шала во 47-мата минута.
До самиот крај Шкендија рутински ја задржа предноста иако имаше неколку шанси за да ја зголеми предноста.
Реванш натпреварот во Велс ќе се одигра за седум дена.