Македонската младинска репрезентација не успеа да обезбеди место во главната рунда на Европското првенство за ракометарки до 19 години, што се одржува во Романија.
Црвено-жолтите ќе се борат за пласман од 9-то до 16-то место. Нашите младинки денес ќе го играат првиот натпревар од групата 4 против репрезентацијата на Норвешка со почеток од 12 часот.
Македонија е дел од групата 4 заедно со Чешка, Норвешка и Србија. Во оваа група, Норвешка и Чешка се на првите две позиции со два пренесени бода, додека Србија е на третото место, а Македонија е последна без бод.
Двете прво пласирани репрезентации од ново формираните групи (3 и 4) ќе разигруваат за пласман од 9 до 12 место, додека трето и четврто рангираните ќе играат за пласман од 13 до 16 место.
Утре, црвено-жолтите ќе играат против Србинките со почеток од 12 часот.
Ивона Кимовска