Женската јуниорска репрезентација на Македонија, за кошаркарки до 18 години, и по трет пат е убедливо поразена, во Б дивизијата на Европското првенство што се одржува во Софија.
Во натпревар од 3.коло на А групата, избраничките на селекторката Јелена Антиќ загубија од Хрватска со дури 42 поени 83:41.
Дилемата околу победникот на овој дуел беше решена уште во првата четвртина која Хрватките ја добија со 15 поени разлика 29-14, а на полувремето имаа дури 25 поени предност 46-21
Така вториот дел беше чиста формалност, па противничките ја остварија и третата победа, а нашите јуниорки го претрпеа третиот убедлив пораз на првенството.
Утре во последниот натпревар од групната фаза нашите јуниорки ќе играат со Данска.