Една добра четвртина не беше доволна нашите млади кошаркарки (У18) да го избегнат и вториот пораз во Б дивизијата на Европското првенство што се одржува во Софија.

Нашите јуниорки, предводени од селекторката Јелена Антиќ, во натпревар од 2.коло на А групата се поразени од Исланд убедливо со 59-77.

Исланѓанките за кои ова беше трета победа на првенството победата ја најавија уште по првото полувреме кои го добија со 45-21. И третата четвртина заврши во полза на противничките (11-20), па кога се беше јасно последниот период го добија црвено-жолтите со 12-17, само малку да го ублажат поразот. 

Милица Николиќ со 15 и Марија Николов со 12 беа единствените наши кошаркарки со двоцифрен број на поени, а блиску до нив беше само уште Ања Начевска кој заврши со девет.

Утре повторно напите јуниорки имаат слободен ден, кој сигурно ќе послужи за анализа на одиграното, но и на следниот противник, а тоа е Хрватска против кој ќе играат во вторник од 17 часот.