Во еден ден штипска Брегалница ангажира три нови засилувања. Последниот во низата е младиот голман Кире Новаков кој доаѓа од редовите на словенечкиот прволигаш Триглав Крањ.

19-годишниот Новаков, кој е член на репрезентацијата на Македонија до 19 години, е дете на Брегалница каде ги почнува своите први фудбалски чекори во академијата на клубот. На 14-годишна возраст тој се пресели во младинската академија на Крањ во Словенија од каде потоа продолжува во Тргиглав Крањ. Сега повторно се враќа во синиот дрес на Брегалница.

Штипскиот прволигаш претходно денеска објави дека во своите редови носи двајца интернационалци. Станува збор за дефанзивецот Самал Дикенс од Панама, и офанзивецот Фабрицио Венегас од Костарика.

Дека Брегалница сериозно размислува да биде конкурентна во новата прволигашка сезона е и ангажирањето на голманот Мартин Давков и десниот бек Ване Јованов, кои се повратници меѓу „сините“.