Машката јуниорска селекција на Македонија за кошаркари до 18 години, подготовките за претстојното Европско првенство, дивизија Б, ги продолжува со три контролни натпревари.

Од утре, стартува новото издание од меѓународниот турнир „Бобан Петковски“, на кој нашите јуниори ќе одиграат три контролни натпревари и тоа со врсниците од Израел, Црна Гора и Грција.

На овој турнир селекторот Андреј Апостолски Лечиќ ги поведе следните играчи: Андреј Шошкиќ, Ангел Стојанов, Филип Чолаковски, Милош Кнежевиќ, Горазд Митев, Атанасиј Трајанов, Koста Ќириловски, Павел Иванов, Марко Лукановски, Бојан Величковски, Димитар Зетов, Дино Лазаров, Андреј Чадамов, Грегориј Јакимовски, Исак Муареми, Давид Петрушевски

Тоа е добра можност за селекторот да ја провери подготвеноста на играчите за главниот настап Европското првенство од Дивизијата „Б“  кое од 21 до 30 јули, ќе се одржи во Матошинос, Португалија.

МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР „БОБАН ПЕТКОВСКИ“ 2023 – ГЕВГЕЛИЈА
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
27. јуни (вторник)
17.00 МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА
19.00 ЦРНА ГОРА – ИЗРАЕЛ
28. јуни (среда)
17.00 МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА
19.00 ГРЦИЈА – ИЗРАЕЛ
29. јуни (четврток)
17.00 МАКЕДОНИЈА – ИЗРАЕЛ
19.00 ГРЦИЈА – ЦРНА ГОРА