Таеквондистот Дејан Георгиевски кој е последниот македонски адут за медал на Европските игри во Краков, Полска, ја мина првата пречка.

Сребрениот олимпиец од Пекинг, Георгиевски кој настапува во категоријата +87 кгр. во првата борба убедливо го совлада Италијанецот, Матиа Молина, добивајќи ги двете рунди.

Во првата Дејан на противникот му препушти само еден поен, притоа добивајќи 14, додека втората ја доби со 7-3.

Георгиевски кој е второрангиран носител во својата категорија, во четвртфиналната рунда ќе се сретне со Украинецот, Андри Харбар.

Борбата е закажана за 15 часот и 24 минути, а можете ВО ЖИВО ДА ЈА ГЛЕДАТЕ ОВДЕ