Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ обезбеди пласман во четвртфиналето во својата категорија на Европските игри што се одржуваат во Краков, Полска. 

Милијана која настапува во категоријата -62 кгр, беше убедлива во својата прва борба. Ги доби двете рунда против Норвежанката, Каролина Ѓелсвик. Во првата Милијана освои 9 наспроти 2-та поени на противничката, а втората заврши си 8-3. 

Така Милијана се пласира во четвртфиналето во кое за противничка ќе ја има Петра Стобова од Чешка. Нивната борба е закажана за 14 часот и 48 минути. 

Миљана е една од тројцата македонски таеквондисти на овие игри, за заедно со Анамарија Георгиевска и Дејан Георгиевски кои ќе настапат утре се и напите адути за медал на игрите.