Ако се водиме по народната „Денот по утрото се познава“, тогаш не ни се пишува добро, кога во прашање е настапот на женска репрезентација на Македонија за кошаркарки до 18 години.
Имено, напите јуниорки попладнево во Солун беа декласирани од нивните врснички од Грција со дури 40 поени разлика (69-29).
Дека домашните кошаркарки беа доминантни најдобро говори самиот резултат. Само во една четвртина избраничките на селкторката Јелена Антиќ постигнаа двоцифрен број на поени (10), а останатите три ги завршија со едноцифрен.
Очајни 4 поени во првата, а само 6 постигнати во втората четвртина и убедлив минус од 30 поени на полувремето (40-10), доволно говори за немоќта на напите млади кошаркарки, кои на крајот загубија со -40 (69-29).
Овој, како и утрешниот втор дуел на овие две селекции се дел од подготовките за претстојниот настап во Б дивизијата на Европско првенство кое од 30 јуни стартува во Софија, а на кое ќе настапат двете репрезентации.