Репрезентацијата на Англија рутински ја совлада Малта со 4:0 и го осигура првото место во групата Ц, каде што е и нашата репрезентација.

Потполна доминација покажаа Англичаните и уште во 30-та минута водеа со 3:0.

Првиот гол беше дело на дефанзивецот на Малта, кој во 9-та минута погоди во својата мрежа за 1:0, а потоа Александер Арнолд со „бомба“ и Хари Кејн од пенал зголемија на 3:0.

За конечните 4:0, биеше Калум Вилсон, кој повторно од пенал и ја обезбеди сигурната победа на Англија (во 83-та минута).

Во следниот натпревар Англичаните на Вембли ја пречекуваат Македонија.