Видно беше разочарувањето кај македонските фудбалери по пропуштената голема шанса со позитивен резултат, па дури и победа да се закружи дуелот со Украина.

Едно полувреме не беше доволно да се победи одличниот гостински тим, но она што боли е очајната игра по првиот примен гол, меѓу останатото констатира по натпреварот капитенот Стефан Ристовски.

„Одигравме перфектен прв дел, а потоа класичен македонски менталитет. Фудбалот се игра 90-минути, а ние падневме по првиот примен гол. Мора да работиме во иднина на тоа. Тажни сме. Мора да се кренеме и да одиграме силно во Англија. Вака не смее. Не сум човек кој бара алиби и ќе кажам дека самите сме виновни“,
беше искрен капитенот Ристовски.

Дали, за краток период поука ќе биде извлечена, останува да видиме веќе во понеделник на дуелот во Манчестер против Англија.