Македонскиот тенисер Калин Ивановски видно возбуден и задоволен со пласманот во финалето на фјучрсот во Скопје по триумфот на Турчинот Ерги Киркин со 2-1 во сетови (36 62 62) истакна:
Почетокот на мечот не беше како што посакував, ја прифатив неговата пасивна игра и тоа му донесе водство на Киркин во првиот сет. Нешто мораше да се смени. Заедно со тренерот се договоривме да почнам да играм што е можно повеќе напаѓачки, офанзивно. Секако тоа донесе и резултат и така следните два сета ги доби со идентични 6:2 во гемови.
Таквиот начин на игра во вториот и третиот сет на Ивановски му донесоа и четири брејка од 11 можности, додека претходно во првиот сет немаше ниту еден брејк. За ривалот во финалето французинот Саша Вајенбург, кој е трет носител на турнирот Ивановски изјави:
Има сличен начин на игра како и мојот напаѓачки. Одигравме еден меч оваа година во март во Франција на тврда подлога, Саша победи со 2-0, но во вториот сет испуштив водство од 5:1 во гемови. Мислам дека тука во Скопје можам до победа. Секако очекувам поддршка од трибините како што тоа беше денеска за стигнам до пехарот.
Финалето Ивановски – Вајенбург се игра утре со почеток во 13 часот.