Кошаркарите на Хувентуд не запираат со изненадувањата. Во четврт-финалето на АЦБ лигата го исфрлија евролигашот Басконија, а во првиот меч од полуфиналната серија го победија Реал и тоа во Мадрид со 93:83 (18:22, 24:17, 25:25, 26:19).
Кајл Гај повторно беше во центарот на вниманието. Американецот шутерското шоу го најави со звукот на сирената кој означи крајот на првото полувреме, постигнувајќи тројка за водство на Хувентуд со 42-39.
Брилијантниот Гај доминираше на овој меч, завршувајќи со 33 поени од кои дури осум тројки, а две постигна во финишот, со што ги уништи соништата на „Кралевите“ дека евентуално може да останат непоразени на овој меч.
Solo pienso en que KYLE GUY mete su primer triple en el partido sobre la bocina para cerrar la primera mitad… El resto es 𝙝𝙞𝙨𝙩𝙤𝙧𝙞𝙖.
¡8⃣ TRIPLES para ganar al @RMBaloncesto y realizar un EXHIBICIÓN HISTÓRICA en el #PlayoffLigaEndesa!#ListosParaRomperla | @kylejguy pic.twitter.com/arXeMtqft3
— Liga Endesa (@ACBCOM) June 6, 2023
Заедно со него, одличен во победничката екипа беше екс реаловиот играч, Хрватот, Анте Томиќ со дабл-дабл учинок од 18 поени и 11 скока. На спротивната Еди Таварес исто така имаше дабл-дабл со 18 поени и 14 скокови, а покрај него единствен расположен беше Џанан Муса исто така со 18 поени.
Хувентуд сега води со 1:0 во серијата што се игра до три победи, а вториот меч е закажан за четврток од 21 часот повторно во Мадрид.
Вечерва Барселона и Уникаха ќе го играат својот прв натпревар.