Клубовите од Саудиска Арабија не застануваат на мега понудите.

Откако вчера и официјално  Карим Бензема потпиша договор од 200 милиони евра по сезона со Ал Итихад, сега истиот клуб нуди 100 милиони за неговиот соиграч од француската репрезентација Н’Голо Канте.

Имено играчот од средниот ред на Челзи, Канте добил предлог договор од истиот клуб вредна 100 милиони евра по сезона.

Ваквата информација веќе од потврдена од неколку добро информирани страни, кои тврдат дека
Ал Итихад реши на Бензема да му го донесе сонародникот.

Договорот на Канте со Челзи истекува на 30 јуни, а сите преговори меѓу двете страни досега не вродија со плод.

Канте начелно ја прифати понудата и до крајот на неделава треба да го потпише договорот.