Екипата на Лајпциг со убедлива победа од 2-0 над Ајнтрахт Франкфурт успеа да ја обезбеди втора титула, по ред во најпрестижниот германски куп, популарниот „ДФБ Покал“

Во првото полувреме не видовме многу игра, двете екипи напаѓаа, но остана 0-0.

Резултатот го отвори Нкунку во 71-минута, по одлична топка од Дани Олмо, со што успеа да му донесе водство Лајпциг.

Нкунку беше клучен играч во ова финале бидејќи во 85-минута успеа со асистенција за Шобошлаи да го „затвори“ натпреварот и да го осигури кревањето на трофејот за „биковите“.

Ова е втора „ДФБ Покал“ за Лајпциг, со што стана десетти клуб што го освоил ова престижно натпреварување два пати по ред.