Македонскиот репрезентативец и атлетичар Андреас Трајковски оствари нов државен рекорд во дисциплината скок во далечина.
Тој попладнево во Калитеа, Грција во третата серија имаше скок со должина од 7,79 метри и за 19 сантиметри го подобри сопствениот и македонски рекорд.
Тој лани на митинг во Александрија, Грција Трајковски имаше скок со должина од 7,60 метри.
Со денешниот резултат Трајковски, кој е воедно и член на АК Работнички го освои четвртото место на митингот во Калитеа.