Челниците на Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен започнале преговори околу трансферот на бразилскиот фудбалер Нејмар во клубот од „Олд Трафорд“, пишува францускиот „Лекип“.

Францускиот весник тврди дека контактите меѓу раководството на двата клуба биле воспоставени пред неколку дена, а преговорите сега и официјално започнале. Во моментов челниците на англискиот клуб преговараат со раководството на „светците“ и претставници на бразилскиот фудбалер кој пред шест години од Барселона пристигна во ПСЖ за 222 милиони евра.

Наводно 31-годишниот Нејмар е незадоволен од својот статус во ПСЖ и сака да го напушти на крајот од сезоната .

Тој има договор со „светците“ до јуни 2027 година. Од тимот истакнуваат дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Касемиро го убедува Нејмар кариерата да ја продолжи во англискиот клуб кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Француските медиуми пренесуваат дека менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг сака да го донесе Нејмар на позајмица до крајот на сезоната, но раководството на ПСЖ инсистира да го продаде Бразилецот во текот на летото и на тој начин да се ослободи од неговата голема плата.

Нејмар оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 18 голови.