Екипата на Њукасл забележа убедлива победа над Брајтон со 4:1 и направи голем исчекор кон освојување на 3.место, а со тоа и пласман во Лигата на шампионите.

Заостанатиот натпревар од 25.коло на Премиер лигата, за гостите започна лошо бидејќи Ундав во 29.минута си постигна автогол. Во дополнение од првиот дел (45+4) Ден Брн зголеми на 2:0.

По само шест минути игра во второто полувреме, Ундав  се извади за киксот во првиот дел, па ја намали негативата на 1:2. 

Но, во самиот финиш на мечот со головите на Вилсон (89) и Гимараеш (90+1) Њукасл ја запечати судбината на гостите од Брајтон. 

Со новите бодови и вкупно 69, Њукасл е трето рангиран пред Манчестер Јунајтед со 66 и Ливерпул до 65. 

Брајотн остана седми со 58, само еден повеќе од Тотенхем и Астон Вила екипи кои исто така се во трка за позициите што водат на европската сцена.