Откако вчера актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром со победата над Работнички го завери својот пласман во финалето на плеј-офот, вечерва таква можност имаат и кошаркарите на Пелистер.

Битолскиот клуб гостува во СЦ „Кале“ во Скопје, кај составот на ТФТ Моцарт во реванш полуфиналниот дуел, во кој пелистерци влегуваат со предност од 1:0 во победи по триумфот на домашен терен во неделата, па со евентуална победа вечерва ќе му се приклучат на МЗТ во финалето.

Сепак, се прашува и тимот на ТФТ. Поддршката која екипата од скопската населба Тафталиџе сигурно ќе ја има во голем број, може да биде и клучна.

Имено предноста на домашниот терен сезонава се покажа како голема предност во дуелите на овие две екипи, па во составот на „Тафта“ со право се надеваат дека традицијата ќе продолжи и дека ТФТ ќе се избори за мајсторка.

Кој ќе биде исходот ќе видиме по натпреварот што ќе започне од 19 часот, а можете да го гледате
ВО ЖИВО ДА ГО ГЛЕДАТЕ ОВДЕ