Европскиот првак Реал ќе има тешка задача да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите, особено во полуфиналето во кое за противник го има најсериозниот предизвикувач Манчестер Сити.

Откако „кралевите“ во Мадрид одиграа 1:1, сега следува реваншот во Манчестер, но искусниот Анчелоти верува дека неговите „пулени“ знаат како до финалето.

„Како и обично. Ќе се обидеме да го извлечеме максимумот од играчите на индивидуално и тимско ниво. Мислам дека можеме подобро отколку на првиот натпревар. Опасни сме во контра-напад, но на првиот меч немавме многу простор за тоа. Ќе се обидеме да ја задржиме топката што подолго и да го намалиме ризикот“,
изјави Анчелоти.

Како Анчелоти ќе ги мотивира своите играчи, искусниот Италијанец рече:

„Не знам. Ќе кажам што ќе ми дојде во тој момент. Денес сум многу мирен и самоуверен.
Но, знам како е на денот на натпреварот…
Утре ќе бидам загрижен и ќе мислам што ако Халанд даде гол, што ако Де Брујн пак шутира добро…“,
мудро одговори Анчелоти.

Што ќе смисли Анчелоти и дали тоа ќе биде доволно за финале останува да видиме по натпреварот што ќе започне од 21 часот.