Неверојатна снимка се појави на социјалните медиуми од охридската сала „Биљанини Извори“ каде се одржуваше завршницата на Купот на Македонија во ракомет. 

На самиот крај на финалниот натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер дојде до „кошкање“ меѓу играчите, а најдебелиот крај го извлече македонскиот репрезентативец Филип Талевски.

Скандалот да биде уште поголем е што Талевски не беше удрен од противнички играч туку од униформирано полициско лице. 

Наместо да се грижи за ред и мир, овој полицаец со пендрек го удри Талевски по глава, на што реагираа од публиката, неговите соиграчи како и играчите на битолскиот клуб, особено видлива беше реакцијата на голманот Лесјак кој беше во непосредна близина, а неговата реакција најдобро се гледа од снимката која одеше во директен ТВ пренос на МРТ (видео 2).

Ваквата реакција на „чуварот на редот“ наиде на бурна реакција од јавноста, а дали ќе реагираат и од МВР останува да се види!?

Реакцијата на Лесјак на 2:13:47