Екипата на Еурофарм Пелистер уште еднаш остана без куп пехарот откако третпат во низа е поразен во финалето од големиот ривал Вардар. „Вардарци“ во текот на целиот натпревар имаа водство, а најголемото од +5 во неколку наврати.

Честитки за тимот на Вардар. Противникот водеше од првата до последната минута, а ние ја бркавме негативата во сите 60 минути. Ние игравме лоша одбрана, а за разлика од нас Вардар беше агресивен и тоа беше еден од клучните фактори за победата во финалето, изјави предводникот на .Пелистер Александар Јовиќ.

Битолчани не успеаја да го освојат пехарот во Купот, но се начекор до освојување на титулата во првенството на Македонија каде на две кола пред крајот имаат три бодови повеќе од Вардар.