Гол-фестот во Минхен заврши со резултат од 6:0 за домаќинот Баерн, кој лесно го совлада Шалке и го задржа првото место во германската Бундес лига.

Во 21-та минута Томас Милер го отвори резултатот по одлична акција со Лирој Сане, со што првпат беше совладан голманот на Шалке, Александер Шволоу на денешниот натпревар.

Само 8 минути подоцна (29-тата), беше досуден пенал за “Баварците”, кој беше лесно реализиран од Џошуа Кимих.

„Голеадата“ продолжи и во второто полувреме. Серж Гнабри го запиша својот прв гол на натпреварот во 50-тата минута за 3:0, а со одлична соло акција, во која  го помина и голманот, го постигна и вториот гол во 66-та минута.

18-годишниот Матјис Тел зголеми на 5:0 во 80-тата минута, додека пак Нусар Мазрауи ги постави конечните 6:0 во втората минута од судиското надополнување (90+2).

Баерн Минхен по оваа победа останува на првото место со 68 бодови, 4 повеќе од второпласираниот Дортминд, кој вечерва на домашен терен ја пречекува екипата на Борусија Мехенгладбах. 

Стефан Костадинов