Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одново испиша историја и беше предводник на Денвер „Нагетс” кој во шест натпревари ја добија полуфиналната серија против Феникс „Санс” со победата од 125:100.

Јокиќ со нов трипл-дабл влезе во историја како првиот играч по Расел Вестбрук во 2017 година, остварил три вакви учиноци (трипл-дабл) постигнувајќи 30+ поени.

Денвер најави дека се дојдени да ја завршат работата уште во првата четвртина. По неколку минутна тесна игра по резултат 24:21 за „Санс” Денвер со серија од 23:2 замина на пауза со +18 (44:26). Во втората четвртина ништо не се промени Денвер продолжи да доминира и на полувреме заминаа со +30 поени разлика (81:51). До крајот на натпреварот „Нагетс” одржуваа позитивната кош разлика ја играа својата игра и ги испратија „сонцата” дома втора година по ред.

Никола Јокиќ натпреварот го заврши со 32 поени, 10 скока и 12 асистенции со 72% шут од игра беше главен на теренот во Феникс. Извонредна партија пружи и Кардвел-Поуп кој од своите 23 поени, 21 ги постигна во првото полувреме и без него немаше да бидат Денвер толку многу надмоќни. Кај Феникс почесен играч на натпреварот беше Кем Пејн со 31 поен и 7/9 шут за 3 поени.

Денвер во конференциското финале ќе го чека победникот од двобојот на Лос Анџелес „Лејкерс” и Голден Стејт „Вориорс”. Во моментов Леброн Џејмс води со 3-2 против Стеф Кари и неговата дружина.

Андреј Велјаноски