Екипата на Тетекс во наредната сезона повторно ќе биде дел од второлигашката конкуренција. По само една сезона, тетовци се изборија за статусот кој го имаа со години наназад, откако во полуфиналето од баражот за пополнување на двете места кои водат во Втората лига, беа подобри од составот на Феникс баскет од Скопје.

Победата Тетекс ја најави во првото полувреме кое го добија со 41:32.

Веќе по третата четвртина беше јасно дека Феникс Баскет нема што да бара на овој натпревар, откако третата четвртина  Тетекс ја заврши со 14 поени предност (63:49), па последните десет минути беа само формалност за конечен триумф со 80:64 и 2-0 во победи

Капитенот Ѓорчевски со 27 поени беше прв стрелец на победничката екипа за која Вапски постигна 16, а Михајлоски додаде 14 поени.

кој ќе им се приклучи на тетовци во втората лига ќе дознаеме по „мајсторката“ меѓу  Мега баскет и на Маџари ГБ која следува во сабота, од 19 часот, во Прилеп.