На Алијанц стадионот во Торино, домаќинот Јувентус ќе ја пречека Севиља во полуфиналата пресметка во Лигата на Европа. За избраниците на Макс Алегри, токму Лигата на Европа остана единствената опција за титула и спас на сезоната. Дополнителен мотив за играчите на Старата Дама е тоа што Јувентус нема европски трофеј цели 27 години.
Од другата страна, тимот од Андалузија е поим во оваа натпреварување и тим со најмногу трофеи, дури шест. Избраниците на Хозе Луиз Мендилибар имаат лоша сезона зад себе во Ла Лига и токму Европа Лигата е единствената опција за настап во европските купови следната сезона.
Двата тима својот европски пат го почнаа во Лигата на Шампионите, но беа елиминирани во групата фаза, за да подоцна успешно ги поминат препреките во 1/16, 1/8 и 1/4 финалето.
Јувентус успешно ги помина екипите на Нант, Фрајбург и Спортинг, додека пак Севиља беше поуспешна од ПСВ, фенербахче и Манчестер Јунајтед.
Што се однесува до составите, Алегри нема да може да смета на стандардниот дефанзивец, Бремер кој во последен момент се повреди, како и на Матија Де Шиљо, за кого оваа сезона е завршена.
Во редовите на Севиља, најверојатно ќе недостасуваат Сусо, Гијан и Нианзу, а од поодамна го нема и Корона.
На последните пет натпревари помеѓу овие два тима, Јувентус се радуваше три пати, една средба заврши нерешена и еднаш победи тимот од Шпанија.
Влезвниците за натпреварот се распордадени и се очекува домаќинот да има силна поддршка од трибините, а главен судија на натперварот ќе биде Зиберт од Германија.