Голгетерот на Милан и француски репрезентативец, Оливие Жиру игра во фантастична форма и тој треба да биде еден од адутите на „бјанко-нерите“ во градската мега пресметка со Интер во полу-финалето од Лигата на шампионите.
За Французинот мотивацијата не е спорна, но смета дека за остварување на целта потребно е сите да го дадат максимумот.
„Ова е дерби, специјален меч. Сакам да играм во нив и сум горд на мојот тим. Секогаш се потрудам да бидам позитивен со моите соиграчи. Очекуваме одлична игра и дека секој од нас ќе даде 100% за да победиме. Имам 36 години, но мотивација на млад играч. Милан е одлично место. Ми требаа нови предизвици и мојата прва година тука не може да биде подобра. Финалето би било одлично достигнувања, ние го заслужуваме тоа со нашата игра. Полни сме со амбиција и верба“, беше дециден и краток Жиру.
Вечерашниот прв полуфинален меч меѓу Милан и Интер започнува во терминот од 21 часот.