Во Втората македонска фудбалска лига, денес со почеток од 17 часот ќе се одиграат сите натпревари од 29тото коло.

Најголема возбуда не очекува во Скопје, каде што ќе се сретнат вечните ривали, Вардар и Пелистер. Овој натпревар може да го одреди патникот во бараж натпреварот за Прва лига. На Вардар му е доволен само бод за да ја задржи третата позиција, а за да дојде до втората позиција треба да се случи чудо и Гостивар да ги изгуби последните два натпревари. Битолчани со победа ќе стигнат на минус три од Вардар и ќе се надеваат во последното коло црвено-црните повторно да бидат поразени. Во секој случај не очекува возбудлив натпревар како и што им прилега на овие две екипи.

Гостивар го дели само еден бод и официјално да биде промовиран како прволигаш. За да стигне до тој бод ќе има лесна задача бидејќи денес ја пречекува екипата на Борец, која и официјално ќе заврши на последното место и следната сезона ќе биде третолигаш.

Воска спорт кој официјално го прослави пласманот во Првата лига, на домашен терен ја дочекува екипата на Детонит Плачковица. Разликата помеѓу Воска спорт и второпласираниот Гостивар е два бода, па од тука очекуваме домаќинот да ги нападне трите бода на овој натпревар и да го задржи првото место.

ВТОРА ЛИГА 29.КОЛО (17 ЧАСОТ)
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР
ГОСТИВАР – БОРЕЦ
ВОСКА СПОРТ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
БЕЛАСИЦА – АРСИМИ
БЕСА – КАРАОРМАН
КАМЕНИЦА САСА – ЛОКОМОТИВА СКОПЈЕ
СЛОГА ВИНИЦА – ОХРИД
ТЕТЕКС – КОЖУФ

ТАБЕЛА
1. ВОСКА СПОРТ 69 бодови
2. ГОСТИВАР 67
3. ВАРДАР 62
4. ПЕЛИСТЕР 56 …

Филип Василевски