Бостон „Селтикс” и Филаделфија одиграа супер атрактивен трет натпревар во кој што Бостон надомести за загубениот прв натпревар со победа во овој со 102:114.
Ниту враќањето на „МВП-то” Џоел Ембид не им беше доста на Филаделфија кои повторно загубија откако се врати од повреда.
Уште во првата четвртина се најави доминација на „Селтикс” каде рано поведуваа со +10, но со неколку серии успеаја да се вратат и да ја добијат првата четвртина со 29:28. Од тој момент проработеа моторите на Бостон кои на полувреме заминаа со +7, со 50:57. Во третата четвртина на неколку наврати гостите имаа предност од највисоки до тој момент +12 и на на крајот од четвртината заминаа со резултат 77:88. Последната четвртина Бостон само ја потврдија својата надмоќ за на крајот да заминат со победа од 102:114.
Ова е првиот натпревар во серијата кој се одигра во Филаделфија. Кај победничкиот тим Џејсон Тејтум беше најефикасен со 27 поени и 10 скока, а неговата „десна рака” Џејлен Браун имаше 27 поени. Џоел Ембид со 30 поени и 13 скока беше најдобар поединец кај домашниот тим. Следниот натпревар се игра во Филаделфија во недела во 21:30 часот. Бостон води 2-1.
Андреј Велјаноски