Натпреварот кој со нетрпение го очекува македонската пред се ракометна јавност „Супер дербито“ меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, ќе се игра во сабота – 6 мај.

Дуелот број два, на најголемите претенденти за шампионскиот трофеј сезонава, сигурно ќе решава кој на крајот ќе го понесе приматот Првак на Македонија.

Откако го добија првиот меч во „Јане Сандански“ (31-24) и создадоа предност над ривалот, вардарци кикснаа на гостувањето кај Алкалоид, па сега двата тима влегуваат со ист број на бодови (33) во саботната пресметка.

Дуелот што ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, а се очекува да биде исполнета до последното место, ќе започне во терминот од 19 часот.