Нов голем успех на нашата таеквондистка Мила Рељиќ, која со 3 извонредни победи освои бронзен медал на Европското Клупско Првенство во Софија.

Во првото коло Мила беше поуспешна во рунди 2:1 против Ива Петровиќ (Србија), во второто коло беше подобра од извонредната Латвијка, Инес Тарвида со 2:1 во рунди.

Инес Тарвида тренира во еден од најдобрите светски клубови Фридришхафен во Германија и до сега има 2 бронзени медали од светските првенства во 2017 во Сеул и 2019 во Манчестер, како и 2 бронзени медали од Европски првенства. Првата рунда Мила ја изгуби но следните две беше подобра и шампионскиот дух на Мила излезе на виделина и ја победи извонредната Инес.

Во борбата за медал Мила беше поуспешна од Хрватицата Хелена Кичема во 2:0 во рунди. Хелена е актуелна европска вицешампионка до 21г. Инаку и претходно во јуни месец 2023 во Загреб ја имаше Мила победено Хелена.

Во полуфиналето Мила изгуби од Јоланта Тарвида (сестра на Инес Тарвида).

Со овој медал Мила ветува и силно чекори кон медал на претстојното Светско првенство во Баку, Азербејџан на почеток на јуни и Европските Олимписки Игри кон крај на јуни во Краков, Полска.

На минатите Европски Игри, Македонија немаше медал од ниеден спорт, сега ветуваме дека ќе освоиме медал.