МЗТ Скопје Аеродром ја оправда улогата на прв фаворит и за шампионската титула, го освоија купот и првото место во првата фаза од првенството, што им гарантира една голема предност.
Тренерот, Драган Николиќ „не бега“ од фактот дека неговиот тим е голем фаворит за одбрана на титулата.
„Кога ќе заврши сезоната ќе кажам колку сум задоволен. Според очекувањата МЗТ Скопје е прв, и има предност на домашен терен во плеј-офот“. Кожув има добар тренер, а нивната игра во последно време многу ветува.
Се сретнавме три пати, и тука нема непознати. Исто како што беше во Купот, очекувам да се игра добра кошарка, и да победи најдобриот. МЗТ Скопје ја презема улогата на фаворит, неспорно“ ,
вели Николиќ.
Ќе ја оправдаат ли аеродромци фаворитската улога на натпреварот што ќе се игра во СЦ „Јане Санданск“ во Аеродром од 19 часот, гледајте ВО ЖИВО ОВДЕ
Томислав Атанасовски