Тимот на Пелистер ќе ја има улогата на фаворит во дуелот од плеј-офот против Феникс, кој во откако беше јасно дека ќе обезбеди пласман во разигрувањето ги ослободи странските кошаркари, па сега шансите за успех во дуелот со битолчани за ново изненадување се далеку помали.
Впрочем, на почетокот на месецов, Пелистер го декласира „овој“ Феникс со убедливи 19 разлика, на некој начин реванширајќи им се на скопјани за поразот во полуфиналето во купот на Македонија.
„Игравме во финалето на Купот, сакаме да одиме што е можно подалеку и во плеј-офот. Екипа сме со најмал буџет, која во овој дел од сезоната влегува без странски играчи, а играме против екипа која има втор, по големина, буџет во лигата. Верувам во моите играчи, и мислам дека се е можно во оваа серија. Бевме подобри од нив во купот, а тие во првенството, но не е завршено ништо. Секогаш може и повеќе, и тоа ќе го барам од моите играчи во оваа серија“, тренерот на Феникс, Денис Дервишевиќ.
Првиот натпревар од оваа серија се игра попладнево во Битола во терминот од 18 часот, а можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ
Томислав Атанасовски