Барселона сигурно исчекорува кон титулата во Премиера со нова победа, овој пат над Бетис со убедливи 4-0.

Резултатот го отвори Кристенсен во 14-та минута.

Гостите во во 33-та минута останаа со играч помалку откако Едгар Гонзалес заработи втор жолт картон и предвреме го заврши натпреварот.

Тоа Каталонците бргу го казнија со два гола за само три минути откако Левандовски и Рафиња погодија во 36-та и 39-та минута за 3-0.

Во второто полувреме Барса играше поопуштено бидејќи победата им беше во раце. Печат на натпреварот стави Гуидо Родригез со автогол во 82-та минута за 4-0.

По 32 одиграни кола Барселона е прва на табелата со 79 бода, дури 11 бода повеќе од Реал Мадрид кој е второпласиран со 68 бода.

Андреј Велјаноски